05 Мај, 2024
0.0259

Заев-Мета: Да работиме на унапредувањето на заедничките интереси

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со делегација на Република Албанија, предводена од Претседателот на државата Илир Мета, кој се наоѓа во дводневна посета на земјава. 

Заев изразувајќи особено задоволство за посетата на високата делегација од Албанија, истакна дека средбата ги реафирмира принципите на добрососедство, заемно почитување и реципроцитет, посебно истакнувајќи дека во таа насока во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека Македонија и Албанија се земји со слични предизвици и меѓусебната соработка само ги потврдува пријателските односи, кои уште повеќе ќе се унапредат со зголемување на соработката во областите на економијата, трговијата, развојот на инфраструктурата, енергетиката.

Беше разговарано за Коридорот 8 и подготвеноста на двете страни за реализација на проекти од областа на патната и железничката инфраструктура, со акцент на важноста и на културната соработка и соработката во образованието и спортот. 

Посебно беше истакната поддршката во областа на туристичката размена.

Заев и Мета се согласија дека меѓусебното помагање на меѓународен план придонесува за подобрување на условите за економско - трговска соработка и едногласно испратија порака дека постои простор трговската размена меѓу двете земји да расте и да се развива. 

„Градиме едно општество за сите. Се заложивме да не ги делиме граѓаните, сите да имаат исти права и исти обврски и сите делови од нашата држава да се развиваат еднакво“- рече премиерот Заев. 

Тој ја истакна континуираната поддршка на Албанија за членството на Република Македонија во НАТО и ја потенцираше соработката меѓу двете земји за што поскора интеграција во Европската унија. 

Претседателот Мета изрази поддршка за Евроатлантските интеграции, со надеж за успех во решавањето на сите отворени прашања. Мета ги подвлече заложбите на Република Албанија за почитување на културата и идентитетот на малцинските заедници во Албанија.

Премиерот Заев, нагласи дека очекува припадниците на македонското национално малцинство да ги имаат истите колективни права подеднакво на целата територија на Албанија.

Претседателот на македонската Влада ја истакна и потребата од реактивирање на работата на Мешовитиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Албанија. 

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца