Заев на роденденот одмори од политика со четирицкл на струмичкото рели
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2016
Струмичкиот градоначалник го отвори 37-то меѓународно рели и рели крос на теренски возила и автомобили на патеката во реката Тркања. Тој „одмори“ од политичките настапи возејќи четирицикл, а бидејќи му е роденден доби и торта од учесниците.
- Во овој миг на свечено отворање на овој традиционален меѓународен спортски настан, морам да признаам дека ме обземаат измешани чувства. Кога срцето се радува, а душата тагува, тогаш е исклучително тешко да се изнајдат вистинските зборови за да се долови и сподели она што е најважно да се каже во ваква пригода. Од една страна, неизмерно сум среќен што една прекрасна спортска традиција доживува уште едно свое продолжение, и тоа по трет пат едно по друго, во мојата и нашата Струмица. Од друга страна неизмерно сум тажен поради тоа, што пред само неколку денови прерано не напушти главниот организатор на ова спортско натпреварување, големиот вљубеник во рели возбудувањата и еден од великаните на македонскиот авто-мото спорт, Димитрије Пеливанов. Драги пријатели, убеден сум дека „АМК џип рели спорт“ и овој октомвриски ден ќе го направат празник на адреналинот и празник за сите поклоници на авто-мото спортот, а дека Општина Струмица како генерален спонзор и поддрржувач на ова спортска манифестација, и овој пат, како и во претходните две изданија, ќе се покаже како извонреден домаќин, изјави Заев.
Тој го одбележа и 42-от роденден кој го прослави со присутните посетители на релито.
Фото: 24strumica.mk