етот
Заев: Не сум повеќе претседател на Советот за судски реформи
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2019
Премиерот Зоран Заев на синоќешната тринина во Куманово во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи. Овој одговор тој го даде на сгестија од посетител кој рече дека еден премиер не треба да предводи таква комисија.
- Си дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе таму претседател. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска - рече Заев пред присутните граѓани.
Од 1 јули најави зголемување на минималната плата на 13.000 денари и стартување на системот за поврат на ДДВ.
- Секој со својот мобилен телефон ќе аплоудира апликација преку која ќе ги испраќа фотографираните фискални сметки и толку. Системот веќе е подготвен - рече Заев.
Наведе дека извозот и увозот во технолошко-развојните индустриски зони квартално е зголемен за 27 отсто, а за оние кои ќе добиваат социјална помош од 11.700 денари до два пати ќе им се понуди работа по што ќе им се укине доколку не ја прифатат.
По Берлинската конференција за Западен Балкан рече дека очекува Датум за преговори од Европската комисија.
- Меркел, Макрон, Могерини ни се големи пријатели. И те како започнваме преговори, и те како ги отвораме поглавјата. Стојат позади нас. Оти залсуживме, оти одржавме европска лекција, оти покажавме европски манири, оти не калкулиравме политички. Не игравме за рејтинг, туку за државата. Сите политичари знаеја дека без договор со Грција не можеме да мрднеме ниту еден сантим понатаму, додаде Заев.