05 Мај, 2024
0.0284

Заев: Нема да има вработувања во приватните компании по етнички клуч

Објавено во: Економија 31 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев по средбата со стопанските комори демантираше дека ќе има стимулирања, односно барања од странските и домашните приватни компании во земјата да вработуваат работници по етнички клуч.

„Владата ќе го повика, охрабри и ќе соработува со бизнис секторот т.е. домашните и странски компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја“, стои во владината програма, но Заев вели дека овде не станува за наложување до компаниите од страна на Владата.

- Имаме региони со поголеми стапки со невработеност, државата има обрвска да ги реалоцира своите капацитети повеќе таму. Станува збор за реалокација на домашните инвестиции во региони со свои алатки и мерки за да се отворат таму повеќе фабрики. Има добри и помалку добри работници. Недостатокот на помалку квалификувана сила. же се решава шреку Агенцијата за вработување и преку и развојот на мерките за доквалификација, како и со дуалното образование со што ќе излегуваме во пресрет на оваа проблематика. Ние сме во прегопвори да испорачаме сериозни пакети до компаниите за надминување на терковната криза, рече Заев на денешната прес-конференција.

Заев на коморите им ветил стабилна даночна политика и дека нема да има зголемување на даноците.

- Првиот предизбик е Ковид-19, скледуваат следни пакети на мерки во есенско-зимски период кои заедно ќе бидат дефинирани со коморите 20 милиони евра од Министерството за економија ќе добие бизнис секторот кој најавува инвестиции, а до сега има 800 апликации. Зборувавме за реформите во правосудниот систем кои значат и за економијата, која ќе биде тогаш пораздвижена и посилна. Децентрализацијата како процес продолжува, а пописот очекувам да биде во првото полугодие од 2021 како статистички процес важен за економијата, наведе Заев.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години