04 Мај, 2024
0.0377

Заев од Сараево: Поважна е иднината на граѓаните од национализмот

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

На Европа ѝ е потребна левицата, посебно кога после долги години, десницата во некои земји се разви радикално, со квазипатриотски идеи, а под превезот на модерниот грабеж. Левицата треба да го добие своето место во Европа, а тоа зависи од левите партии, но и од граѓаните, граѓанското општество, синдикатите, работниците“, рече меѓу другото, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, на синоќешната пленумската сесија „Кон обновата на левицата во Југоисточна Европа“, во рамки на конференцијата во организација на фондацијата „Фридрих Еберт“ во Сараево, на тема „Состојбата во регионот – проценка од социјалдемократска перспектива“.

Заев констатираше дека не е доволно само да се дебатира, туку дека мора да се преземе акција и го соопшти искуството од Македонија во кое граѓаните дадоа поддршка на левицата којашто претходно се обедини со граѓанското општество. „Главната работа за нашиот успех е повикот да се обединиме сите, да си подадеме рака, без разлика кој што добива од успехот, заради граѓаните, иднината, татковината, заради обврската да се преземе нешто.

Со проектот „Вистината за Македонија“ ги мотивиравме граѓаните на обединување. Овој проект го извади на површина криминалното работење на тогашната власт. Изградивме коалиција „Граѓаните за Македонија”. Следуваше „Кампот на слободата“, па „Шарената револуција“, водеа граѓаните. Чувството да се стапи во коалиција со независно-политички луѓе треба да се негува, ако сакаме да ја сочуваме независноста. Власта сега е контролирана и од внатре, од граѓанскиот сектор. Демократијата и слободата не се дадени еднаш за секогаш, тие треба да се развиваат и ова е најдобриот начин, додаде премиерот Заев.

Тој во своето обраќање пред присутните, претставници на граѓанскиот сектор оцени дека десницата што се радикализира победува, затоа што не се обединети сите што не се согласуваат со неа, и дека за да зајакне левицата во регионот и во Европа, треба да се најде начин да ги обедини сите што не се десница.

„Важно е лидерството, но важна е и храброста. Треба да се преземаат храбри чекори. Кој ќе говори јавно за важните прашања, тој ќе биде лидер. Поважна е иднината на граѓаните од национализмот“, рече Заев.

Тој порача дека е важно да се тргнат суетите, кои ги држат државите во заробеништво и да се подаде рака кон сите кои им мислат добро на граѓаните и на своите земји.

Обраќањето на премиерот Зоран Заев предизвика голем интерес на дебатата и беше поздравено од присутните граѓански и политички активисти од левицата во регионот и Европа.


Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ЗЕМЈОТРЕС ВО СКОПЈЕ: Не се знае колку степени беше, но дел од граѓаните велат бил значително силен

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ДВЕ ЛИЦА ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: едно лице е хоспитализирано

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

ГИ ИЗГРИЗАЛО КАБЛИТЕ ЗА ИНТЕРНЕТ - куче кое пропаднало во шахта ги остави без мрежа „Филип Втори“ и „Букурешт“

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра