03 Мај, 2024
0.0300

Заев по изборот најави пресврт, нова пролет: Ќе има само тројца потпретседатели

Објавено во: Македонија 21 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Следува нова политика, пресврт, СДСМ ќе се менува за уште подобро да им служи на граѓаните, рече старо-новиот лидер на СДСМ Зоран Заев. Тој денеска беше реизбран на првите внатрепартиски непосредни избори и освои апсолутно мнозинство од сите членови. За Заев гласале 60.840 социјалдемократи со право на глас, 888 биле „против“ и имало 249 неважечки ливчиња. Заев по трет пат е избран за лидер на партијата. Право на глас имаа 68.999 членови на партијата кои го ажурираа своето членство а се гласаше на 237 места во 80 општини низ државата. Заев немаше противкандитат.

Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна офанзива за нов пресврт на политичкото делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ ќе внесеме нова енергија на нашите редови ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започнатата борба, против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓаните“, порача Заев.

Вистинските државотворни партии ја имаат одговорноста да ја унапредуваат демократијата во своите редови но и во татковината“, истакна Заев.

„Ја добивме довербата од граѓаните на последните парламентарни избори, доверба искажаа и пратениците во највисокиот законодавен дом собранието, денеска социјал-демократите ставија печат во довербата во мене. Ми укажавте голема чест по трет пат да ја водам партијата. Ова е голема одговорност за мене“, рече Заев.

Тој рече дека во следните четири години СДСМ да биде локомотива која ќе го движи нашето општество напред.

Не одговори конкретно какви промени се очекуваат оваа пролет. СДСМ во мај ќе избира кадри на највисоките раководни позиции. Заев сега има заменик, тоа е Радмила Шеќеринска. Во партијата потпретседатели се Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Мила Царовска и Коста Петров. Заев вели од пролет нема да бидат повеќе од тројца.

Ќе има и тројца секретари.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер