26 Април, 2024
0.0263

Заев: Производството на чиста енергија треба да биде еден од генераторите на економскиот раст

Објавено во: Економија 16 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска присуствуваше на отворањето на Македонскиот енергетски форум 2019 „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“. Премиерот Заев и в.д амбасадорката на Амбасадата на САД, Микаела Швајцер Блум со свои воведни обраќања го отворија Македонскиот енергетски форум 2019.  Амбасадорката Блум во своето обраќање изрази силна поддршка на Соединетите Американски Држави за развојот на енергетскиот сектор во нашата земја.

„Длабоко верувам дека Македонскиот енергетски форум претставува одлична можност да ги отвориме перспективите за развој на енергетиката во Република Северна Македонија преку  плодоносна, квалитетна и широка дебата за прашања од исклучителна важност за иднината.

На самиот почеток би сакал да посочам една работа. Минатата година не успеав да присуствувам на Македонскиот енергетски форум од причини што во тек беа преговорите за Преспанскиот договор со мојот драг пријател Алексис Ципрас. Како придобивка од постигнувањето на Преспанскиот договор се надевам а и веќе има конкретен интерес на компании од Република Грција од енергетскиот сектор за нови инвестиции во нашата земја“, изјави премиерот.

Тој вели дека нивна цел е да се стават  во функција сите капацитети и да се впрегне целиот неискористен енергетски природен потенцијал што Северна Македонија го поседува.

Нашиот план е сериозно да го зголемиме домашното производство на електрична енергија и да ги достигнеме европските стандарди во процесот на менаџирање со енергетските ресурси и да поттикнеме нови инвестиции во енергетскиот сектор.

Република Северна Македонија е посветена на спроведување на реформите во енергетскиот сектор и исполнување на обврските кои произлегуваат од Договорот за основање на Енергетска заедница. Новиот Закон за енергетика беше изработен со поддршка на Секретаријатот на Енергетската заедница и беше донесен од Собранието во мај 2018 година за што сме благодарни на Енергетската заедница.

Во овој Закон за енергетика се имплементираат одредбите и обврските што произлегуваат од Третиот енергетски пакет на ЕУ и Директивата за обновливи извори на енергија. Напредокот од земја последна во регионот – во земја со исклучителен напредок е нотирано во Извештајот на Енергетската заедница.

Промовирањето на инвестиции од обновливи извори на енергија не е само законска обврска за Република Северна Македонија.  Истовремено се поттикнува развојот на старите и застарените капацитети во енергетскиот сектор, а при тоа се исполнуваат барањата за заштита на животната средина, намалувањето на зависноста од увоз на енергија и создавањето на услови за одржлив развој и раст“, кажа меѓудругото премиерот 

Тој посочи дека крајот на месецот Министерството за економија ќе го објави првиот оглас за доделување на премиуми за изградба на фотонапонски електрани на државно земјиште за вкупно 35 MW на две локации во Свети Николе и Македонски Брод.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија