03 Мај, 2024
0.0303

Заев: Променети се плочите каде што пишува „бугарска фашистичка рака“ и „бугарски фашистички куршум“

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање го потврди она што вчера го спомена во интервјуто за бугарски БГНЕС дека се променети содржините на 20-тина плочи на спомен-обележја согласно Договорот за добрососедство со Бугарија.

„Во дел од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака, куршум или слично, тие плочи се променети. На цела територија на државата, а најголем дел се спомен-обележја под надлежност на општините, согласно Договорото за добрососедство и обврските превземени од него“, рече Заев.

Тој додаде дека сепак никој не му дал можност преку референдум на бугарскиот народ во 1941 да се изјасни дали ја прифаќа фашистичката идеологиа.

„Царска Бугариоја во 1941 зџастанува на страната на Тројниот пакт, но никој не ги прашал Бугарите каква е нивната определба. Заборавивме дека и во нашата Македонија имаше соработници на фашистите - домашни предавници“, тврди премиерот.

Заев денеска рече дека не е дозволиво фашистичката идеологија да се поврзува со етникуми, односно дека бугарскиот народ не бил окупатор на Македонија.

„Окупацијата од страна на фашизмот била секаде присутна, но тоа не е причина да кажете дека цел еден народ е окупатор. Прашањето е дали ги користиме вистинските зборови ако сакаме да градиме пријателство“, наведе Заев.



Можеби ќе ве интересира

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

„КАКО ЌЕ ГЛАСАТЕ Е АПСОЛУТНО ВАША ЛИЧНА РАБОТА“: професорката Ванковска со јасен став за изборите

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Денес и во сабота свежо и со засилен ветер, ќе има и врнежи и грмежи

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

„ЈАС ТВРДАМ ДЕКА ЛАЖЕ“: Најчевска распали по изјавата на Османи за две мнозинства, бара објаснување од поранешниот министер

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ