18 Мај, 2024
0.0300

Заев: Прво работите да ги донесеме во нормала, па да разговараме за датумот за избори

Објавено во: Македонија 27 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Иницијативата дојде од пратеничката група на СДСМ, a раководството одлучи да ја поддржи. Имајќи ја предвид целокупната состојба, во овој момент сметаме дека е демократски, може да биде корисно и сигурно нема да влијае негативно, доколку Собранието се состане. Тоа е демократски порив и оттука мотивот е чисто демократски. Нема друго. 

Ова во интервју за Независен го тврди лидерот на СДСМ, Зоран Заев. 

На обвинувањата од опозицијата дека иницијативата била поднесена затоа што СДСМ сака брзи избори, Заев вели дека е рано е да се зборува за избори, навистина рано. 

„Посветени сме целосно на борбата против пандемијата на корона вирусот и против последиците што таа ги остава врз здравството, врз економијата, образованието, социјалниот живот. Избори ќе се случат кога ќе ја победиме оваа криза и општеството ќе биде подготвено за тоа. Кога дошол тој момент ќе осетиме заедно со граѓаните и со стручните лица од здравствениот сектор“, вели Заев. 

Прашан, пак, дека веќе почнаа да се споменуваат и можни датуми за одржување на изборите – на крајот од јуни или почетокот на јули, лидерот на СДСМ одговара дека приоритет сега е здравјето на граѓаните и помошта на економијата, на работниците, на граѓаните, на фирмите. 

„Досега, гледајќи го нашето, но и искуствата во други држави, научивме дека овој вирус е непредвидлив и никој со сигурност не може да гарантира кога човештвото ќе има целосна контрола врз него. Мерките што ги преземеме како држава, како систем даваат резултат, но сѐ уште не сме го победиле невидливиот непријател. Кога ќе дојдеме до едни такви околности, тогаш и можноста за датум за избори треба да ја разгледуваме. Гледаме дека во соседството, па и пошироко, во Србија и Хрватска се споменуваат можни избори ова лето. Но, да почекаме, најважно е здравјето на граѓаните. Ајде заеднички да го победиме невидливиот непријател, да ги заштитиме граѓаните, да спасиме што повеќе човечки живот, полека работите да ги донесеме во новата нормала, па да разговараме и за датумот за избори“, вели Заев.

Можеби ќе ве интересира

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

Екстрадиран кондовскиот терорист Бесим Красниќи во Македонија

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност

ЈАНЕ ПЕТКОВСКИ И ЕЛИЗАБЕТА СТЕФКОВСКА ГО НАПУШТИЈА СДСМ ВО СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА - градоначалникот Ѓорѓиевски им изрази благодарност