29 Април, 2024
0.0300

Заев за „Њујорк Тајмс“: Француското вето ме скрши одвнатре

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, во репортажа на Њујорк Тајмс вели дека француското вето на последниот Самит во Брисел го скршило одвнатре откако земјата не го доби очекуваниот датум за преговори со ЕУ.

„Тоа ме уништи лично, психички“, рекол Заев, кој како последица на непопуларната одлука иницираше предвремени парламентарни избори. Тој додава дека не е загрижен само за себе и за неговата земја, туку за стабилноста на целиот западен Балкан.

Пред само два месеци, водачот на малата балканска нација на Северна Македонија беше издигнат на пиедестал од светски лидери, пофален од шефот на Обединетите нации како ретка светла точка во инаку проблематичен регион и бепе номиниран во  потесбиот список за Нобелова награда за мир, го опишува изданието.

Премиерот Зоран Заев ја активираше својата политичка кариера и иднината на неговата земја во решавањето на тридеценискиот спор со соседна Грција за името на неговата нација. И преку често макотрпната дипломатија и против многу мали шанси, тој успеа. Промената на името се очекуваше да го расчисти патот за преговори за влез на Северна Македонија во Европската унија, но минатиот месец, Франција стави вето на тие дискусии, тврдејќи дека треба да се преиспита процесот на проширување на блокот.

„Национализмот и радикализмот можат повторно да земат замав“, рече тој. „Постои ризик повторно да се отворат конфликти во внатрешноста на државите. Исто така, повторно да се отворат конфликти меѓу земјите “.

Но, тоа беше нерамна патека. Словенија и Хрватска веќе се во унијата. Црна Гора и Србија работат на реформите потребни пред членството. Албанија и Северна Македонија само се обидуваат да го започнат долгиот пат кон членството..

„Ние сме водени од светлата што ни ги даде Европа“, рече Заев. „Сега ги исклучија светлата и ние сме во темница. Кој знае каде ќе тргнеме од тука “, додаде Заев.


Можеби ќе ве интересира

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза