05 Мај, 2024
0.0271

Загадениот воздух извади граѓани на протести

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Енормното загадување на воздухот во последната недела дена, денеска ги извади на улица и протестен собир граѓаните на Скопје.

Се протестираше мирно за чист воздух, а жителите на метрополата која осамна како најзагаден град во светот побараа итно решавање на проблемот кој веќе тлее со години.

Граѓаните пред Влада денес побараа надлежните да почнат да ги исполнуваат ветувањата кои ги дадоа пред изборите и да почнат да ги идентификуваат и казнат загадувачите.

Основачот и извршен директор на првата детска амбасада „Меѓаши“, Драги Змијанац од протестот порача дека ќе ги поддржуваат сите иницијативи и протести против загадувањето, вклучувајќи ја и иницијативата на мајките, в среда, на 20 декември да не ги пуштат своите деца на училиште во знак на протест поради преголемата загаденост.

– Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се завети дека се додека не се реши проблемот со загадувањето, се додека високото ниво на ПМ10 честички кои верувам дека цела зима ќе бидат над 75 микрограми по метар кубен ќе ги поддржува сите иницијативи на мајки, татковци, на здруженија кои се залагаат за да се подобри состојбата со загадувањето со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки – изјави денеска претседателот на „Меѓаши“, Драги Змијанац, додавајќи дека ќе ја поддржат секоја граѓанска непослушност, од блокирање на патишта до протести за брзо да се подобри состојбата.

Змијанац истакна дека поради загадувањето, Детската болница за белодробни заболувања е преполна со заболени деца и оти веќе се прават обиди за создавање услови за примање и на поголем број на пациенти. 

Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден