28 Април, 2024
0.0366

Загадено Скопје, претходно Куманово - Владата вели - проблемот не се решава набрзина

Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Куманово доби конкуренција по загаденост во земјва. Главниот град Скопје денеска се најде меѓу првите десет загадени градови, односно од седмо место утринава, околу 10 часот отиде малку подолу, на 10 место. 

Куманово, пак, завчера, кога имаше енормни концентрации загаденост, беше на првото место на светската листа.

Кумановските власти дознаа од што бил загаден градот и вчера презедоа мерки. Но, што ќе прават останатите градови. 

Откако мерната станица измери екстремно загаден воздух, вчера општина Куманово соопшти дека загаденоста била последица на палењето на фосилно гориво за греење на Кумановската болница. 

Од општината рекоа дека се во тесна соработка со Министерството за животна средина, кое е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух во земјава. Континуирано се следат промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.

Проблемот со загадениот воздух ќе биде се поголем со намалувањето на температурите што ќе следува. Земјава секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, но загаденост е присутна и во другите градови.

Минатата година Град Скопје воведе мерки за борба против загаденоста. Во услови на екстремна загаденост, автобусите ќе бидат бесплатни, се ограничува возењето на автомобилите, а паркинг услугите се наплаќаат двојно.

А министерот за животна средина, Насер Нуредини, пак, за критиките на граѓанските активисти дека Планот за чист воздух не е реализиран, вели дека овој проблем не може да се реши краткорочно, без оглед што планот постои.

„Постои план, за тоа нема сомнеж, треба сите да бидеме свесни за фактот дека овој проблем не може да се реши со краткорочно, туку со долгорочна стратегија. Сите заедно мора да работиме многу напорно за да го намалиме загадувањето на воздухот, знаеме дека ќе ни биде потребно време, бидејќи повеќе фактори придонесуваат за тоа, греењето на домовите, енергетската ефикасност, какви автомобили користиме за транспорт, како индустријата допринесува и какви мерки и регулативи треба да преземеме. Ќе продолжиме да работиме напорно за да постигнеме резултати“, одговори министерот Нуредини на прашањето на Фактор.


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

ДАЛИ ЗАЕВ ОД ДАЛЕЧИНА САКА ДА МУ ПРЕНЕСЕ НЕКАКВА ПОРАКА НА КОВАЧЕВСКИ - еве што кажа во Америка

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ: Засега нема договор за поддршка на некој од претседателските кандидати, за тоа ќе одлучува партиското раководство

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

„БИТИЌИ СРАБОТЕ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ, БЕКТЕШИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА, И ГО ИМАШ ГРУБИ КОЈ ИГРА ФУДБАЛ ВО КАНЦЕЛАРИЈА“ - Ковачевски со поостра критика за кадарот на ДУИ

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

ВИСОК Е 63 И ПОЛ МЕТРИ И Е ВТОР ПО ГОЛЕМИНА КРСТ ВО ДРЖАВАТА - в очи на Велигден осветен крстот во Драчево

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

Крмов од Велес: Велешани ја препознаваат Левица како единствена опција која потекнува од народот ​​​​

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце