Загуба во првото полугодие: РЖ Услуги ја погоди корона
Објавено во: Финансии 31 Август, 2020
За речиси 15 отсто паднале приходите на РЖ услуги во првото полугодие годинава, соопшти компанијата. Во тој период остварила приходи од 83,4 милиони денари.
Сите приходи остварени од продажба на стоки и услуги изнесуваат 82,1 милион евра што е за 15,83 отсто помалку во однос на остварените во 2019 година. Во структурата на оперативните приходи со 75,3 отсто учествуваат технолошките води и тие се намалени во однос на истиот период од 2019 година, а најголем пад бележи продажбата на ТНГ.
Остварените вкупни расходи изнесуваат 86 милиони денари и во споредба со расходите од истиот период во 2019 се намалени за 12,78 проценти.
„Оперативната загуба изнесува 551 илјади денари. Намалувањето на оперативната добивка е од намалени приходи како резултат на моменталната криза предизвикана од коронавирусот COVID-19. Вкупните инвестиции во постројки, опрема, инвентар во овој период изнесуваат 2.692 илјади денари, стои во образложението он финансиските резултати.