Захариева: Договорот за добрососедство да го отсликува тој од Преспа
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021
Позицијата на Софија по ова прашање нема да се промени по гласањето на изборите во Бугарија на 4 април, инсистира шефот на бугарската дипломатија ејатерина Захариева во своето интервју за „Политико“, запрашана за спорот со Македонија.
„Се обидуваме да бидеме максимално позитивни. Но, мислам дека ништо не може да се промени, освен ако нашите пријатели не се подготвени да го спроведат Договорот за пријателство од 2017 година и да ги почитуваат своите обврски “, нагласи Захариева.
Таа рече дека има „јасни услови“ за почеток на преговорите. „Опипливи резултати во отсликувањето на договорот од Преспа меѓу Грција и Северна Македонија и нашиот Договор за пријателство“, рече Захариева.
Според неа, треба да ги смириме емоциите. „Ми се допаѓаат емотивните народи на Балканот, но кога се обидувате да постигнете договор и компромис, подобро е да разговарате едни со други, отколку преку медиумите“, повика министерката за надворешни работи на Бугарија.