Захариева: На Македонија и претстои многу работа
Објавено во: Балкан 27 Јуни, 2018
Бугарската министерка за надворешна работа Екатерина Захариева чија земја претседава со ЕУ од почетокот на годинава, на прес конференција во Луксембург соопшти дека е донесена одлука за проширување на организацијата со две земји од Западен Балкан, што според неа е добра вест за регионот но и за самата Европа.
До тогаш владите во Скопје и Тирана треба да ги исполнат поставените услови, кои се однесуваат на реформите во судството, администрацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Прашањето за натамошно проширување на ЕУ ги подели ставовите на министрите за надворешни работи на ЕУ, а најголемото противење на „зеленото светло“ за преговори дојде од Франција и Холандија.
Министерктата Захариева рече дека „Процесот допрва почнува, претстои има многу работа, а заклучокот на Советот за двете држави е поврзан со услови кои се однесуваат на владеење на правото, продолжување со реформите во судството, на администрацијата, борбата против организираниот криминал, што особено се однесува на Албанија. Ова според неа, вкупно дава многу јасна временска перпектива и конкретни црти за двете балкански држави.