14 Мај, 2024
0.0281

Законските прописи како можност и предизвик за формирање на стартап компанија

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Денес, 03 јули 2019 година, во Битола, Проектот на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој се спроведува во партнерство со четирите најактивни стопански комори во земјата (Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора на северо-западна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија), го одржа информативниот настан на тема „Законските прописи како можност и предизвик за формирање на стартап компанија“.


„Веќе подолго време го следиме развојот на стартап заедницата – притоа трудејќи се во чекор да ги примениме светските трендови. Но, за да можеме да се развиеме целосно на ова поле, да ја препознаеме потребата од слободен развој на идејата преку формирање и функционирање на стартапите во државата, мораме точно да знаеме со што точно располагаме од една страна како бенефит и придобивка, но и со што се соочуваме од друга страна како пречка или тешкотија, на што треба да работиме. Токму тоа е целта на денешниот настан – од повеќе агли и со повеќе експерти да дискутираме за сите проблеми со кои се соочуваме, да ја препознаеме стартап заедницата како иден многу важен двигател на економијата и да утврдиме кои ни се можностите за промена на легислативата, како појдовна точка за формирање на еден стартап. Да утврдиме дали и со кои проблеми се соочуваат иноваторите кога прв пат се сретнуваат со регулативата по која треба да функционираат, дали истата има потреба од соодветно прилагодување, за да ги следи економските текови во светот“ - истакна Александра Чавдаревска, правник на МАСИТ.

Оваа заложба е веќе препознаена и е на дневен ред во Министерството за економија, со што сметаме дека нашата посветеност на темата може само позитивно да придонесе кон создавање на конструктивна атмосфера за измена на законското решение, преку принципите на јавно-приватен дијалог.

На денешниот настан покрај експертите и претставниците на бизнис секторот присутни беа идни претприемачи и млади луѓе кои имаат идеи за  да започнат сопствен стартап бизнис. Токму затоа на настанот се разви дискусија за конкретните предизвици кои постојат при формирање стартап компанија, кои се условите кои треба да се подобрат и како да се подигне културата на развој на компаниите.


Стопанските комори, кои се дел од овој проект активно се занимаваат со сите прашања и предизвици со кои се соочуваат компаниите во земјава во нивните секојдневни бизниси. Исто така Проектот изработи и бесплатен прирачник за започнување и водење бизнис и на располагање обезбедува постојано информации за поддршка на компании преку агрегатниот портал biznisregulativa.mk.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти