ЖАЛБАТА Е ОТФРЛЕНА: Бојан Јовановски останува во притвор
Објавено во: Македонија 03 Март, 2020
Шоуменот Бојан Јовановски обвинет во случајот „Рекет“, останува во притвор.
Вака одлучи Апелацискиот суд кој ја отфрли жалбата на Јовановски и неговата гаранција од 143.000 евра. Тој оваа сума ја понуди за да излезе од притвор.
Освен тоа, Јовановски приложи и медицинска документација за чир на желудник.
Во гаранцијата се понудени куќата на негов братучед и деловен простор во истата куќа во сопственост на неговата мајка.
Јовановски седум месеци е во притвор, додека екс обвинителката од СЈО Катица Јанева е во домашен притвор.
Сергеј Варшолија, соработникот на Бојан Јовановски, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Рекет“.
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври минатата година поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и бизнисменот Зоран Милевски. Според обвинението, тие се здружиле за да му земаат пари на бизнисменот Јордан Камчев, сведок во „Рекет“ во замена за олеснителни околности во предметот „Империја“ на СЈО.
Милевски веќе е осуден, призна вина и доби 3 години затвор. Тој останува во куќен притвор до правосилноста на пресудата.