Заменик министер загина во лавина
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2019
Косовскиот заменик-министер за дијаспора и стратешки инвестиции Аријан Даци, загина во лавина кај Брезовица.
Смртта на Даци, кој е син на некогашниот претседател на косовскиот Парламент Неџад Даџи, ја потврдија и претставници на Владата во Приштина. Несреќата се случила во близина на ски-центарот „Брезовица“.