Заменик-министерот за култура ќе го чествува Денот на македонската револуционерна борба
Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2019
Националниот празник Денот на македонската револуционерна борба, или популарно Денот на ВМРО, се одбележува денеска како неработен ден, а по тој повод, владина делегација предводена од заменик-министерот за култура Владимир Лазовски ќе положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Цвеќе е предвидено да положи и собраниска делегација составена од пратениците Костадин Ацевски, Весна Дамчевска-Илиевска и Зеќир Рамчиловиќ.
На денешен датум во 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО).
Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската Република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.