30 Април, 2024
0.0311

Започна продажбата на ТЕЦ Неготино, за 8,7 милиони денари ќе се прави физибилити студија

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Зелената агенда на Владата продолжува со изборот на друштвото за инженеринг и консалтинг Коленко, која за 8,7 милиони денари ќе треба да направи физибилити студија за продажба или за јавно-приватно партнерство за термоцентралата ТЕЦ Неготино.

Термоцентралата, според претходните најави, ќе се трансформира во гасна централа преку јавно – приватно партнерство или ќе се продаде. Можната инвестиција е од 200 до 500 милиони евра со нови 100 мегавати зелена енергија, како што најави минатата година премиерот Зоран Заев.

Владата претходно најави дека десетина светски компании од енергетскиот сектор го посакуваат ТЕЦ Неготино, а една од нив е Џенерал Електрик. Централата, во сопственост на државата, која е ладна резерва за македонскиот енергетски систем,  поради мазутот на кој работи не е во функција повеќе од 10 години.

Кој модел ќе се избере, ќе се одлучи кога ќе биде готова физибилити студијата. Термоелектраната близу Неготино има околу 200 вработени. Последен пат струја произвела пред 11 години, но според менаџментот, постројките континуирано се одржуваат. Електраната остварува приходи бидејќи има договор со МЕПСО и дава услуга „резервна моќност на електро енергетскиот систем во случај на недостиг на електрична енергија“.

Владата претходно објави дека за неколку државни загубари, но и за ТЕЦ Неготино се бара стратешки партнер. Минатата недела сопствениците на турската „Фортис енеџи“ и бугарскиот „Солар Про“ го потпишаа договорот со Владата и со АД ЕСМ за јавно-приватно партнерство, откако го добија тендерот за изградба на фотонапонска централа кај РЕК Осломеј.

Проценката е дека двете компании ќе инвестираат од 70 до 80 милиони евра како дел од енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија. Премиерот Заев рече дека станува збор за голем проект од 100 мегавати.

Мината недела австриската групација Ерсте Груп објави дека ќе инвестира 51 милион евра во ветерен парк кај Богословец, додека германската фирма „Впд“ соопшти дека ја известила Владата за планот да изгради парк со ветерници со моќност од дури 400 мегавати во близината на Куманово со поднесено барање за статус на стратешки проект што ќе му даде повластен третман.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

Новиот енергетски сектор во Кина е катализатор за создавање работни места на глобално ниво

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

НАЈГОЛЕМАТА ЕВРОПСКА БАНКА ОСТАНА БЕЗ ДИРЕКТОР: Зошто Квин си даде оставка?

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

Економски часовник: Клучни информации од Форумот за развој на Кина 2024 година

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ДОЛАР СО ГРЕШКА ВРЕДИ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Милиони вакви банкноти кружат, потрагата не запира, но досега се откриени само 18

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ПУТИН ПЛАНИРА ГАСЕН ЦЕНТАР ВО ТУРЦИЈА: Анкара пак размислува за најде замена за рускиот гас

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ЦРНА ГОРА: Наскоро воведуваат седумчасовно работно време

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување