17 Мај, 2024
0.0264

Започна сончевото затемнување

Објавено во: Стил 20 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Затемнувањето на сонцето почна над Атлантскиот Океан, одкако Месечината ќе го затвори целосно Сонцето над некои отсечени острови, а над Европа, Африка и Азија феноменот ќе биде само делумен, објави „Ројтерс“.

Месечевата сенка падна јужно од Гренланд во 7,41 часот. Се граничи и се шири на исток кон Фарските Острови и норвешкиот архипелаг Шпицберген каде местата во хотелите се распродадени одамна.

„Сум видел поларен сјај, видел сум вулкански ерупции, но целосното затемнување на Сонцето е најспектакуларните нешто на што сум бил сведок. Тоа е уникатно“ - изјавил Фред Еспенак, пензиониран астрофизичар на „НАСА“, во Торсхавн, главниот град на Фарските Острови.

Небото таму сепак денес е претежно облачно. Појасно е над Шпицберген, каде туристите беа повикани да останат во населбата за поголема безбедност, откако вчера бела мечка нападнала Чех во шаторот, додека спиел.