„ЗАРАБОТИ“ КРИВИЧНА: Ќе одговара малолетникот кој шутираше куче
Објавено во: Македонија 06 Март, 2020
Кривична пријава доби малолетникот кој шутираше куче на игралиште во околината на Куманово.
СВР Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од село Стрезовце, општина Старо Нагоричане поради постоење основи на сомение дека сторил кривично дело мачење животни.
Видеото од настанот се појави на социјалните мрежи на 29 февруари.