„Жариштето“ тлее во Кемниц, полицијата повреди деветмина за да не дојде до ескалација
Објавено во: Свет 02 Септември, 2018
Девет лица биле повредени од страна на германската локална полиција за да не дојде до ескалација и масовна групна пресметка во новата серија на спротивставени саботни протести во германскиот град Кемниц.
Протестите на кои присуствуваа околу 8.000 луѓе, беа организирани од анти-имигрантската екстремна десница од една страна и припадници на левичарските движења, од друга. Се претпоставува дека горе-долу двете групи имаат ист број на излезеност, односно по околу 4.000.
Претходно, екстремните десничари носеа транспаренти со ликовите на сите етнички Германци убиени од емигранти кои доаѓаат од Азија и Африка.
Градот во Саксонија, во поранешна Источна Германија, веќе една недела е средиште на мобилизација на германската екстремната десница против мигрантите, по убиство на Германец за кое се осомничени баратели на азил.
Полицијата во соопштение информираше дека девет лица биле повредени при интервенција на нејзините припадници, со цел да се спречи директна конфронтација.