05 Мај, 2024
0.0257

Заштита и унапредување на јавното здравје останува во фокусот на Центарот за тутунски производи на американската ФДА

Објавено во: Свет 26 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Пандемијата со новиот коронавирус во голема мера влијаеше на работата и активностите во изминатата година на Центарот за тутунски производи при американската Агенција за храна и лекови (ФДА) кој завчера, во рамките на годишниот онлајн состанок на Друштвото за истражување на никотин и тутун одржа специјална сесија - „Програмски ажурирања и активности“. Претседавач на сесија, на која беше презентиран краток извештај за активностите во текот на изминатата година, беше директорот на Центарот, Мич Зелер, а говорници, покрај него, беа и Кетлин Крозби директор на одделот за здравствена комуникација и образование во рамките на Центарот и д-р Метју Р. Холман директор на научниот оддел при Центарот.

Конечен заклучок кој беше презентиран во врска со пушењето како ризик фактор за посериозна клиничка слика кај заболените од Ковид-19 е дека дефинитивно пушачите имаат поголем ризик, во споредба со непушачите, додека јасни податоци за тоа дали користењето електронски цигари  ја зголемува веројатноста за заболување од Covid-19, како ни какво влијание имаат на самиот тек на болеста, не постојат.

Она околу што се сложија сите учесници е дека никогаш не било толку важно да се разгледа целосниот престанок со пушење како сега, за време на оваа пандемија. Мич Зелер, директор на Центарот за тутунски производи (ЦТП) истакна дека на таква одлука на луѓето може да им помогнат неколку алтернативни заменски производи за кои ФДА даде авторизација.

„Постојат никотински заменски терапии (НРТ) во вид на гуми за џвакање, фластери или никотински таблети кои се достапни без рецепт, како и НРТ средства кои одат на рецепт, како никотински инхалатори и спреј за нос, некои лекови кои во себе не содржат никотин, како и релативно нова терапија која подразбира електростимулација на невроните во мозокот, што кај пушачите треба да ја намали потребата за никотин и да ги зајакне когнитивните процеси“.

Зборувајќи за тоа, тој се осврна и на тоа дека минатата година од страна на Американската агенција за храна и лекови била донесена една клучна одлука, a тоа е дека IQOS електронските уреди кои функционираат на принцип на загревање на тутунот, се класифицираат  како производи со модифициран ризик (MRTP - Modified Risk Tobacco Product). Со неа се признаваат тврдењата дека поради процесот на загревање постои значителна намалена изложеност на штетни и потенцијално штетни супстанци и дека научни студии покажале дека целосно префрлање од цигари на IQOS системот ја намалува изложеноста на организмот на штетни соединенија.

Како дополнување на оваа одлука во декември била издадена и дополнителна дозвола со која се одобрува користењето на истите тврдења за IQOS 3 системот кој се состои од држач за патрони од несогорлив тутун и полнач за држачот кој, покрај минимални разлики во дизајнот во однос на претходната верзија, ги поддржува истите тврдења и не претставува зголемување на ризикот или поттикнување загриженост во однос на јавното здравје.

Зборувајќи за работењето на Агенцијата, беше посочено дека по прогласувањето на пандемијата значително била намалена теренската активност од аспект на инспекциските и истражувачките дејности кои биле започнати или планирани, поради примарната цел на Центарот да се заштити здравјето на вработените. Сепак, Центарот успешно продолжил да врши надгледување на сите онлајн активности на веб страници и социјалните медиуми.

Вториот говорник на панелот, Тод Сесил, заменик директор  за регулаторни работи при Канцеларијата за наука на ФДА, изјави дека Агенцијата во наредниот период ќе продолжи со проучување на новите заменски производи кои се појавуваат на пазарот и ќе го процени нивното влијание на човечкото здравје, пред да се авторизира за широка поторшувачка.

Тој заклучи дека сите кои се активни на научно поле имаат можности,  и е пожелно, да дадат свој придонес на научните разгледувања во рамките на Канцеларијата за наука, бидејќи на тој начин ФДА ќе има повеќе капацитет да донесува одлуки посветени на подобрување на јавното здравје. 


Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра