„Затвор за фамилијата“ - порака од герила акција во Велес
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2016
На манифестацијата „Питијадата" во Велес синоќа имаше герила акција, со пораката: „Затвор за Фамилијата“.
Платното со пораката е поставено непосредно покрај бината, со што беа пречекани функционерите од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се ближи 11-ти декември, нема бегање од одговорност“ - стои во пораката.
Ова не е прва герила акција во Велес, а повеќе герила акции имаше и во Битола и Скопје.