ЗАЖИВУВАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА СО НОВИ МЕРКИ: Ветување на премиерот Спасовски
Објавено во: Економија 08 Мај, 2020
Нов пакет на мерки за закрепнување на македонската
економија дефинита Економскиот совет на владејачкиот Социјалдемократски сојуз,
како и поинтензивен развој во иднина, напиша на Фејсбук премиерот Оливер
Спасовски.
– Мерките треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, дополнителен стимул за компаниите за иден, подинамичен развој на македонската економија и вложување во домашното земјоделство, пишува во објавата премиерот.
Истовремено, Спасовски објавува дека во наредниот период, Владата, министерствата и директорите на економските институции ќе седнат на заедничка маса со синдикалните организации и стопанските комори и ќе ги објавуваат мерките со кои ќе треба да се закрепне економијата во земјава.