03 Мај, 2024
0.0250

Жбогар: Македонија ќе добива се повеќе пари од ЕУ

Објавено во: Финансии 08 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Европската унија се повеќе ќе дава пари за Македонија како што ќе се интензивираат интеграциите и ќе течат преговорите со Македонија, изјави Самуел Жбогар, амбасадорот на ЕУ во Скопје, во разговор за „Независен“.

- -Вашата земја ќе добива сè повеќе и повеќе како што ќе влегувате во процесот. Колку што повеќе ќе влегувате во преговорите, толку повеќе пари и поддршка ќе влегуваат во земјата. Така што ќе речам, да, целата земја ќе добива повеќе од ЕУ. Но, има многу фондови веќе, даваме 100  милиони евра годишно и од неодамна ја промовираме таа помош повеќе за да сфатат луѓето колку ЕУ е присутна тука. Многу од парите не се искористени сè уште, иако искористеноста е зголемена значајно во изминатите години. Идната 2019 година ќе дадеме околу 20 милиони евра во вашиот буџет за образование и за социјални прашања. Тоа е нешто ново што ќе го правиме сега. Во моментов развиваме многу идеи како на друг начин можеме да ве поддржиме за да ја видат луѓето љубовта на ЕУ, ако можам да кажам така. Да видат дека ЕУ и земјите членки се грижат за тоа земјата да оди напред и да се унапреди ситуацијата, а тие да се чувствуваат подобро околу нивната иднина - рече Жбогар.

Евроамбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар, во интервју за „Независен“ итакна дека иднината на Македонија ќе зависи од референдумот и дека го разбира ставот на опозицијата бидејќи станува збор за многу осетливо екомционално прашање по договорот потпишан во Препа.

- Можете да бидете против договорот, да мислите дека е лош и дека не треба да биде прифатен, но во тој случај имате две обврски. Првата е  да презентирате алтернатива на него, реалистична, подобра опција и договор кој има шанси да го прифати другата страна.  Ако одбивате нешто, треба да кажете што е решението, поради сериозноста на одлуката. И втората обврска е да прифатите дека во случај да го одбиете договорот, ќе треба да ги  вратите НАТО и ЕУ-поканата. Патот ќе запре тука. Треба да се размисли за овие две опции - изјави Жбогар на едно од прашањата.

Дој додаде дека не треба да се разбира двосмислено условениот Датум за преговори во 2019 од страна на ЕУ туку да се размилува позитивно. Најмногу до тогаш треба се сконцентрираат силите на реформите во владеењето на правото, додека обвинетите за корупција не може експресно да се осудат без аргументи.

-Луѓето сакаат да ги видат криминалците, или луѓето за кои веруваат дека се криминалци веднаш во затвор, но тоа е процес. Вината треба да биде утврдена, да биде докажана, луѓето имаат право да се бранат и сè додека не се докаже дека некој е виновен, тој е невин. Но, кога во јавноста, не само во оваа земја, има чувство за постоење корупција на високо ниво, луѓето би сакале да ги видат овие луѓе во затвор, бидејќи многумина од нив сметаат дека причина за нивната беда се високата корупција и злоупотребата на власта. Тоа се чувства на луѓето, но судството не може да ги следи нив туку, пред сè, законот и доказите - додава тој.

Можеби ќе ве интересира

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО ПАДНА, НАФТАТА ПОД 84 ДОЛАРИ - Европските и американските берзи бележат раст

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

СТРАВ ОД ОДМАЗДА - веќе не се зборува за конфискација на руски имот

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ФЕД НАЈАВИ ГОЛЕМА ПРОМЕНА - не се каматните стапки, тие остануваат исти

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈГОЛЕМ ДОЛГ ОД НАПОЛЕОНСКИТЕ ВОЈНИ: Претседателот на Светскиот економски форум објави лоши вести

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа

ПРВ БАНКРОТ ВО 2024 ГОДИНА: Еве зошто оваа банка не успеа