28 Април, 2024
0.0290

„Здрава Котлина“ со апел до Зоран Заев: Да не помислуваш да ја разрешиш Ана Петровска

Објавено во: Македонија 28 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Денеска струмичките еко-активисти од здружението „Здрава Котлина“, кое се бори против рудник во Иловица, објавија статус во кој тврдат дека до нив допрел глас дека со новата Влада можно е да биде разрешена Ана Петровска, државната секретарка на Министерството за животна средина. Од таму му порачуваат на мандатарот Заев и на претседателката на коалициониот партнер ДОМ, Маја Морачанин, да не помислуваат на такво нешто, бидејчќи како што велат, се мошне задоволни од досегашната соработка и интегритетот кој го има Петровска.

Во продолжение целосниот статус на „Здрава Котлина“

- Во оваа време на формирање нова влада и државни раководители, до нас допре глас дека МОЖЕБИ Ана Петровска, нема да биде повеќе државен секретар, а ние екологистите со тоа не би се согласиле. Зошто не би се согласиле?

Ана Петровска прв пат ја видовме во јули 2018 на средбата организирана од Владата во Домот на АРМ во Струмица. Дотогаш само имавме дописи и формална комуникација поради функцијата што ја имаше како државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таму на таа средба сите си ги искажаа своите ставови, се отворија картите и од тој ден Ана Петровска во нашите очи се истакна пред се како човек со интегритет што не се плаши да ја зборува вистината, а потоа и како вистински професионалец и одличен познавач на сите (не)прилики со загадувањето и загадувачите во Македонија.

Понатаму продолживме да се среќавме на разни средби, дебати, комисиски расправи итн... Но Ана Петровска само го потврди интегритетот што е суштински неопходен предуслов за секој државен функционер ако сакаме да се почне да се решаваат проблемите наталожени со децении корупција. А сите знаеме дека загадувањето во државата има огромна компонента на корупција што под итно мора да се искорени.

Накратко Ана Петровска е еден од ретките државни функционери во МЖСПП што всуштност функционира со интегритет и професионализам. Дополнително веќе ги знае сите луѓе што работат во министерството, но ги знае и сите фекалии што се скриени под тепихот таму (а ги има многу). Ако дојде некој нов (можеби поквалификуван) ќе треба допрва да се докажува но и ќе потроши значајно време што го немаме додека научи она што Ана веќе го знае.

Таа е светла точка и пример во МЖСПП и се изложувате на голем ризик ако ја смените, а се останато не е сменето во министерството. Тоа министерство одамна е зрело за целосна реорганизација инаку немаше да бидеме каде што сме сега. Уште повеќе да е до нас наместо смена ние би ја унапредиле Ана Петровска со повисока функција и одговорности. Едноставно затоа што може да се носи со тоа.

Сепак вие си имате политички математики и аршини, знаете што значи промената и еве го имате нашето мислење. Maja Morachanin и Zoran Zaev, што и да одлучите ние ќе продолжиме да бидеме будни, нема да молчиме и нема да имаме разбирање за грешки па макар биле и почетнички.

П.С: Ако веќе треба некој да смените има еден повисок од државен секретар кој нема доволно интегритет за таа функција и се што прави е само планирање и нула акција па како резултат има исто - позитивна нула. Нема да му е прв пат во кариерата, но загрижувачки е тоа што слушнавме шпекулации дека и он почнал со ДУИнг бизнис во МЖСПП. Засега немаме докази, но но шушкање има и тоа јасно се слуша дури до југоисточна Македонија, порачуваат од таму.


Можеби ќе ве интересира

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

МАПАТА НА ТОПЛОТНИТЕ АНОМАЛИИ ПОРАЧУВА: ЛЕТОТО ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО - подгответе се за екстремни појави

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите