06 Мај, 2024
0.0265

Зеќири за тоа зошто не се соочи со Беџети: „Никогаш не дебатирај со будали“

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Мухамед Зеќири, потпретседателот на СДСМ, синоќа не дојде на ТВ-соочување со Блерим Беџети, во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, затоа што како што вели тој, не сака да се спушта на нивото на градоначалникот на Сарај.

Пратеникот на СДСМ минатата недела во истата емисија како главен проблем на судските реформи ги обвини токму ДУИ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ и според него по судовите се уште работат луѓе кои се вработени од страна на Муса Џафери, Сашо Мијалков и Блерим Беџети. Зеќири го обвини Беџети дека директно вработувал судии и затоа ситуацијата е ваква. Тогаш во емисијата Беџети се вклучи директно преку телефонска линија и влезе во остра дебата со Зеќири. Беџети го обвини Зеќири дека работи под диктат на неговиот патрон, мислејќи на претседателот на СДСМ и побара ТВ дуел со Зеќири и премиерот Зоран Заев.

„Во оваа прилика сакам да ја информирам јавноста дека одлучив да не учествувам во емисија која може да личи на сè освен на достоинствена дебата имајќи ја во предвид дотичната личност. Не сакам да легитимирам ниски напади и моето достоинство и ниво не ми дозволуваат да седнам во студио со личност како Блерим Беџети, кого пошироката јавност во земјава многу добро го памети по неговите (не)дела во времето кога беше министер за правда.

Не сакам да седнам во исто студио со луѓе како Блерим Беџети, кој по последното мое гостување во Вашата емисија на најнедоличен начин ги пушти своите ‘пси’ да навлезат во мојата приватност навредувајќи ме и заканувајќи ми се.
На заканите апсолутно не им се плашам, затоа што можам да се плашам само од еден Господ и никој друг. Но, нема да дозволам некој да навлегува во мојата приватност, да ме навредува мене и моето семејство и со такви да седам на иста маса.

Дополнително, Блерим Беџети како кадар на ДУИ не е ниту пратеник, ниту министер, а ниту потпретседател на таа партија за да го сметам барем по таква линија за мое ниво за дебата. Тој ја застапува само општина Сарај и толку.

На крај ќе Ви цитирам три мудри мисли.
Првата е од имамот Али: “Си изгубил уште во моментот кога ќе се обидеш да се докажуваш со игнорантна будала.”

Втората: “Никогаш не дебатирај со будали затоа што гледачите нема да може да разликуваат кој е кој.”

И за крај мислата од Марк Твен: “Никогаш не дебатирај со будали бидејќи ќе те спуштат на нивното ниво и ќе те победат со своето искуство.”, се вели во оправдувањето на Зеќири.

Блерим Беџети во вечерашното издание на дебатнио магазин „Click Plus“ на ТВ21 рече дека Мухамед Зеќири како новинар побарал пари на црно од поранешиот градоначалник на Сарај, Беким Мурати за да го промовира проектот за езерото Треска во Сарај.

Парите од градоначалникот ги побарал преку негов новинар-пријател, тврдеше Беџети.

Беџети вели јавно во емисијата „Click Plus“ дека стои зад тоа што го зборува и дека стои на располагање на обвинителството.



Можеби ќе ве интересира

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

„ТИ БЛАГОДАРАМ ЗА БЕЗРЕЗЕРВНАТА ЉУБОВ И ПОДДРШКА“ - еве како Пендаровски и го честита роденденот на сопругата

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД ЛУКЕ ГЕЛЕСКИ, ДИРЕКТОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА КОМУНИКАЦИИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве што тој има да им каже на граѓаните

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

ЕВЕ КАДЕ ПРАЗНУВАШЕ ПРВИОТ ЧОВЕК НА МВР - Панче Тошковски на преубаво место со семејството

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500 000 евра од ДПМНЕ во Охрид

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје