06 Мај, 2024
0.0250

Зеленски бара Западот да им забрани влез на Русите, Песков се исмева

Објавено во: Свет 09 Август, 2022

Добивај вести на Viber

Западот да забрани влез на Русите на една година. Ова е новото барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој рече дека таа мерка треба да важи и за руските државјани кои ја напуштиле земјата.

Зеленски  вели дека на тој начин можат да ја спречат Русија да анектира повеќе украинска територија. Во интервју за Вашингтон пост, Зеленски рече дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите земаат туѓа земја”. Тој додаде дека „Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија”.

Зеленски изјави дека одговорноста за нападот врз Украина е на „целото население на Русија”.

Зеленски претходно предупреди дека ако Москва продолжи да одржува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.

Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија во делови од регионите Керсон и Запорожје на истокот и југот на Украина, заедно со веќе закажаните регионални избори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков на прес-конференција кажа дека не постојат никакви шанси Русите да бидат изолирани од светот и ја праша Европа дали треба да продолжат со нивната поддршка за Украина.

Песков кажа и дека сега или подоцна, Европа ќе започне да се запрашува дали Зеленски ги носи правилните одлуки и дали неговите граѓани ќе треба да го платат данокот за неговите постапки.

Песков денеска изјави дека сè уште нема неопходни предуслови за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Украинецот Володимир Зеленски и дека во моментот нема разговори меѓу Москва и Киев.

Можеби ќе ве интересира

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

УНИШТЕНИ ДОМОВИ, ПАТИШТА, МОСТОВИ: Колку луѓе загинаа во поплавите во Кенија?

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ГАЗА: Луѓето во северниот дел гладуваат

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ЕРУПЦИЈА НА АНТАРКТИКОТ: Вулкан исфрла 80 грама злато дневно

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

ФИДАН: Должност на целата глобална муслиманска заедница е да ги збие редовите во одбрана на Палестинците

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

(ВИДЕО) ЗЕЛЕНСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Бог има украинско знаме на рамото, животот ќе ја победи смртта

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

ТИНЕЈЏЕР ИЗБОДЕ МАЖ СО НОЖ: Tepoристички напад во Австралија

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

(ВИДЕО) УКРАИНКА ОДЕШЕ ПЕШ 10 КИЛОМЕТРИ ЗА ДА СЕ СПАСИ: Има 98 години и со бастун стигна до територијата под контрола на Украина

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

УШТЕ ЕДНА ПОТЕРНИЦА: Русија го бара и командантот на копнените сили на Украина, Александар Пављук

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра