20 Декември, 2025
0.0594

Земан: За пет години Чешка може да стане дел од еврозоната

Објавено во: Свет 22 Април, 2013 09:39

Добивај вести на Viber

Чешкиот претседател Милош Земан оцени дека Чешка за пет години би можела да го прифати еврото како национална валута и да стане членка на еврозоната.

Пренесувајќи ја изјавата на Земан, германскиот весник „Пасауер Ное Пресе“, коментира дека ова е значителен пресврт, со оглед на фактот што неговиот претходник, евроскептикот Вацлав Клаус имаше негативен став кон воведувањето на еврото во Чешка.

Во интервју за весникот, Земан се осврна и на иднината на Европската унија нагласувајќи дека не се согласува со прием на Турција во членство. Од друга страна, за него не е нереално Русија да биде дел од Унијата, но дури за 20 години.

Во врска со приоритетите на надворешната политика на ЕУ, претседателот на Чешка смета дека приоритет е борбата против тероризмот „вклучувајќи го и исламскиот тероризам“, притоа јасно изразувајќи воља за поголемо учество од  чешка страна.

- Во претседателската кампања не користев антигермански стереотипи. Секој кој мисли дека сегашната Германија е нацистичка, тој ја навредува земјата, додава Земан.

Тој сепак ја поддржува неговата претходна изјава дека Судетските Германци биле петта колона на Адолф Хитлер. Овој факт, според него, „историчарите генерално го прифатиле“ по Втората светска војна .

Земан не гледа причина зошто вреднувањето на минатото би влијаело на актуелните и идните односи на Чешка со Германија

Чешкиот претседател Земан го поздравува создавањето на Еврорегион, кој треба да ги спречи тензиите со корените во минатото.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот