Земја од регионот е најголем „извозник“ на луѓе
Објавено во: Економија 23 Март, 2019
Босна и Херцеговина е на врвот на листата на држави кои „извезуваат“ на некој начин луѓе и оваа земја ја напуштиле 45% од населението.
Според податоците од 2017 година, Албанија е зад неа и од оваа земја заминале 40% од населението.
Освен БиХ, држава со 3.5 милиони жители, од кои половина живеат надвор, големо иселување има и во Португалија, Бугарија, и Велика Британија.
Во светот, секој десетти Мексиканец живее надвор од Мексико, а голема имиграција има и од Индија, така што 16 милиони живеат надвор од Индија.
Три европски држави имаат најголем процент на имигранти, а тоа се Швајцарија, Велика Британија и Шпанија. Осум милиони имигранти има и во Обединетите Арапски Емирати.