Земја од регионот ќе „увезе“ работници од Филипини?
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2017
Има начин брзо и лесно да се реши проблемот кој се појави во хрватскиот туризам со недостиг на работна сила.
Савор Штерн, бизнисмен и бивш министер вели дека има начин како да се реши горливиот проблем со недостиг на работници во секторите туризам, угостителство, но и здравство.
Фалат десетици илјади работници, а бизнисменот вели дека тоа не е новост, туку тој проблем постои, но за него не се зборувало.
Тој смета дека најдобро е да се бараат работници од Филипини, затоа што според него резервоарот со работна сила од БиХ „пресушил“.
Штерн објаснува дека Хрватите не сакаат да работат, а при тоа да бидат сместени 4-5 лица во една соба, а доколку се плаќа посебно сместување, тоа би значело да се потроши половина плата.