ЗЕМЈА ЗА КОЈА РЕТКО СЕ ГОВОРИ: Тaa е на европско тло, a просечната плата е околу 300 евра
Објавено во: Свет 26 Октомври, 2021
Во најсиромашната европска земја, Молавија, просечната плата е околу 300 евра.
Платите на лекарите се 500 евра, а тие недостасуваат затоа што многумина шансата за подобар живот ја побарале во земјите од ЕУ, пишува Слободна Далмација. Со распадот на СССР, Молдавија стекна независност со 50 отсто помал БДП.
До 2006 година, дури една третина од населението беше многу сиромашно и меѓу нив имаше гладни луѓе. Во последните 15 години, економската состојба е малку подобрена, затоа што значителен број Молдавци заминаа во земјите на ЕУ или во Русија. Земјата е зависна од енергијата од Украина и Русија, а луѓето живеат очајно.
фото ЕПА