Земјотрес докрајчи стара црква во градот на стоте цркви
Објавено во: Свет 30 Јануари, 2017
Земјотрес од 3,8 степени вчера повторно го погоди италијанскиот град Аматриче.
Тоа предизвика дополнително уривање на историскиот центар на градот, разурнат во земјотресот што се случи лани во текот на летото.
Од потресот се урнал десниот ѕид на црквата Сант Агостино, која датира од 15 век.
Аматриче беше разурнат град од земјотресот што се случи на 24 август минатата година. Повеќето од 299 жртви на земјотресот беа локални жители или посетители на малото гратче, кое требаше да одржи локален фестивал една недела по земјотресот.
Црквата Сант Агостино беше една од многуте историски згради оштетени во потресот, при што ја изгуби половина фасада. Падна и камбанаријата, најпрво делумно, а во последователните земјотреси и целосно.
Нема повредени луѓе во земјотресот.
Обилните снежни врнежи ги оневозможија работите на опоравување на градот, а привременото сместување е на сила и пет месеци по земјотресот.
Во 2015 година, Аматриче е прогласен за најубаво градче, а познат е како „град на сто цркви“.