Земјотрес го вознемири Охрид: еве колку била јачината
Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2019
Охриѓани во раните утрински часови беа исплашени од умерен земјотрес.
Интензитетот според Европската макросеизмичка лабораторија бил 3,8 степени по Рихтер, а епицентарот бил близу охридскиот аеродром поточно кај село Оровник.
Потресот се случи 21 минути по 02 часот ноќеска.
Засега вознемиреноста кај граѓаните е единствена штета, а земјотресот е почувствуван и во Струга.