Земјотрес регистриран на 23 километри од Дебар
Објавено во: Македонија 19 Август, 2020
Земјотрес денеска е регистриран на албанско тло, на 23 километри од градот Дебар.
Потресот е со јачина од 2.3 степени, а бил на длабочина од 2 километри.
Во регионот денеска, освен во Грција и Албанија, имаше потрес и во Црна Гора.
Во Црна Гора имаше посилен потрес од 3.3 степени, на 12 километри од градот Улцињ.