ЖЕНА НА 40 ГОДИНИ ОД ЗЕМЈАВА - во исто време била заразена и со грип и со ковиод 19
Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021
Според матичниот лекар д-р Мира Атанасова, деновиве ИЈЗ и доставил извештај на 40-годишна пациентка дека има двојна инфекција и ковид-19, но и инфлуенца од типот Б.
„Основна разлика меѓу грипот и коронавирусот е што инфлуенцата почнува ненајавено и за неколку часа пациентот може веќе да залегне, да има висока температура, болки во грлото, суво кашлање, главоболки, течење на носот, болки во коските, зглобовите и мускулите. Во ваков случај веднаш треба да се почне со терапија и задолжително да се користат електролити“, изјавила за весникот Вечер д-р Атанасова.
Според ИЈЗ, во моментов за два и пол пати е зголемен бројот на заболени од сезонски грип во однос на истиот период лани
Според докторката, ковид-19 не почнува нагло, постепено се јавуваат повеќето симптоми, а карактеристично е што се губи чувството за мирис и вкус. Најсигурно е кога пациентот ќе се тестира и точно ќе се знае за која инфекција станува збор.
„Досега кај болните од грип не се губело чувството за мирис и вкус, тоа за нас беше непознато нешто што не го знаевме додека не се појави коронавирусот. Во моментов имам пациентка на 40-годишна возраст која има и ковид и инфлуенца од типот Б. Среќа таа има лесни симптоми, но заради вирусот на ковид-19 е во изолација“, посочува д-р Атанасова.