Жена со дете в рака e убиена во Малме
Објавено во: Свет 26 Август, 2019
Жена со дете в рака e убиена во Малме, a маскираниот напаѓач е во бегство.
30 годишна жена е убиена во населбата Риберсборг. Пукањето се случило во околу 10 часот, а жената починала три часа подоцна. Уште две лица од кои едно дете, се пренесени во болница но не се ранети.
Сведоци за весникот „Kvelsposten“ раскажале дека неколку маскирани напаѓачи испукале десетина куршуми и дека според звуците кои ги слушнале претпоставуваат дека користеле две различни оружја.