26 Април, 2024
0.0271

Зентива го проширува производствениот капацитет со комплетирање на аквизицијата на производствената локација во Аклешвар

Објавено во: Мои пари 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber


Zentiva Group a.s. најавува завршување на аквизицијата на производствената локација во Анклешвар, Индија, од „Санофи“. Со финализирање на договорот се зголемува бројот на производствени капацитети во целосна сопственост на Зентива ширум светот што ќе ѝ овозможи на компанијата да им служи на повеќе луѓе на кои имаат дневна потреба од нашите висококвалитетни, достапни лекови.

„Со задоволство му посакуваме добредојде на тимот на Аклешвар во нашето семејство на Зентива. Продолжуваме да обезбедуваме силен раст во Зентива, а завршувањето на оваа аквизиција е важна пресвртница за нашата компанија“, рече Ник Хагар, главен извршен директор на Зентива. „Силата на нашата растечка производствена мрежа и дополнителниот капацитет значи дека можеме да одржиме чекор со забрзаната побарувачка за нашите лекови и да ја зголемиме директната контрола врз нашиот ланец на снабдување за да обезбедиме континуирано снабдување и брза реакција на потребите на пациентите.“

Трансакцијата го продолжува текот на одлучувачки чекори за раст направени од Зентива, засновани на претходните аквизиции на „Крео Фарма“ во Велика Британија, „Солациум“ во Романија и бизнисите на Алвоген во Централноисточна Европа, завршени во април 2020 година. Оваа најнова аквизиција во Индија се одвива паралелно со тековните повеќекратни мултимилионски инвестиции во евра на предводничките локации на Зентива во Прага и во Букурешт.

„Јас сум многу горд што нашиот тим во Аклешвар ќе биде дел од уште посилна Зентива, интегрирана во долгорочната стратегија за раст на организацијата“, додаде Ешвани Суд, директор на капацитетот во Аклешвар. „Знаеме дека побарувачката за висококвалитетни и достапни лекови се зголемува и со нетрпение очекуваме да придонесеме за успехот на Зентива на ова патување.“

Производствената локација ќе биде поддржана од сосема нова подружница на Зентива Индија во Мумбај.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет