05 Мај, 2024
0.0267

ЖЕШКО НАДВОР, ПОЖЕШКО ВО КРИВИЧЕН: Судии на тест, ВМРО на мака!

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Кривичен суд денеска и утре ќе решава по предметите од СЈО. Дали ќе има притвор за првенците на ВМРО ДПМНЕ или повторно ќе бидат ослободени и пуштени да се бранат од слобода?

Досега тоа беше најчест случај во предметите на СЈО. Само за неколкумина беше одредуван притвор, како за Сеад Кочан, Горан Грујевски и Владимир Талевски, но набрзо потоа притворот беше заменуван со други, помалку рестриктивни мерки.

Правниците познаваат повеќе услови кога се определува притвор, едно од нив е обезбедување на обвинетите за судење, особено во услови на итна постапка.

Под услови за определување притвор се мисли доколку постои основано сомневање дека определено лице сторило кривично дело, доколку притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, против тоа лице може да се определи притвор, ако:

– се крие, ако не може да се утврди неговиот идентитет или ако постојат други околности што укажуваат на опасност од бегство;

– постои основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците, вештаците, соучесниците или прикривачите;

– особени околности го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело, или ќе го доврши обиденото кривично дело или дека ќе стори кривично дело со кое се заканува или

– уредно повиканиот обвинет очигледно избегнува да дојде на главната расправа, или ако судот направил два обиди уредно да го повика обвинетиот, а сите околности укажуваат дека обвинетиот очигледно одбегнува да ја прими поканата.

Катица Јанева побара притвор за десетина функционери на партијата ВМРО ДПМНЕ, но притвор се бара и за еден пратеник на ДУИ исто така обвинет во Титаник.

Според официјалните информации на СЈО, поднесени се 17 обвиненија за 18 предмети, бидејќи случаите „Тврдина “и „Таргет“ се споени во еден.

Со обвиненија се опфатени 94 лица и 7 фирми, а СЈО бара притвор за 18 обвинети и мерки на претпазливост, односно одземање на пасошите за 47 лица. Обвинетите во овие предмети се товарат за над 20 различни кривични дела вклучувајќи злосторничко здружување, даночно затајување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, повреда на избирачкото право и уништување на изборен материјал.

Говорејќи за одлуката на СЈО за покренување обвиненија Груевски рече дека се работи за преседан од невидени размери, но целта е да се заплашат судиите да одлучуваат во корист на целите на СДСМ и да се заплашат новинарите и целиот народ. Конструктивноста во нашето делување кои некои ја нарекуваа попустливост завршува денес, порача тој.

Можеби ќе ве интересира

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца