Зголемени трошоци на живот, а ниски плати
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2018
Платите остануваат исти, а цените се зголемуваат. Платите остануваат ниски, а цените пак се зголемуваат. Вака изгледа животот на граѓаните во Република Македонија.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат раст на цените на храната за 0,6 проценти, транспортот за 5.3 , алкохол и цигари 6,9 , комуналии 0,1 процент, .Поевтинување се забележува кај облеката со 1,3 проценти, мебелот за 0,1 процент.
Причината за ова зголемување на цените е воведувањето на поголема акциза за дизелот, со што се зголемија цените за 3,5 денари по литар.