27 Април, 2024
0.0272

ЖЕНИ, ДЕНЕС НЕ СМЕЕТЕ ОВА ДА ГО ПРАВИТЕ: Работи кои се забранети на Пресвета Богородица!

Објавено во: Стил 28 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Македонската православна црква го прославува 28 август како спомен на смртта на Богородица на ден кога таа се вознесла на небото и го „предала својот дух во рацете на Спасителот“.

Успение на Пресвета Богородица спаѓа во редот на Богородични празници на кој му претходат двонеделни пости.

Преданието вели дека Мајката Божја живеела 60 години и дека била сведок на многу славни настани во врска со ширењето на верата во Исус Христос.

Пресвета Богородица во многу семејства во Србија се слави како семејна слава, а често и е црквена, или слава на цело село.

profimedia-0004952916

Затоа сите обичаи во врска со празниците посветени на Мајката Божја се засноваат на почитување на нејзиниот култ, во кој се вклопени верувања и ритуали од народната религија.

Според верувањата, во период помеѓу две Богородици, важно е да ги направите обредите со кои се искажува благодарност на Богородица, заштитници на жена, за раѓање деца, а потоа за родност и плодност на земјата и добитокот.

За пазниците на Голема и Мала Богородица обичај е, посебно жените, да почитуваат голем број забрани, кои се однесуваат на вршење работи во куќата и околу неа. Значи, на верниците им се препорачува да не извршуваат домашни работи, а ова посебно важи за жените. За празникот Успение на Пресвета Богородица, исто така, не е добро да се работи со раце, или да се започнува нова работа.

Zene-i-kucni-poslovi002

Прославувањето на Голема Богородица кај нас ја следеле игранчки на кои луѓето во празнично расположение се собирале поради запознавање и дружење. На игранките момци и девојки се запознавале, играле оро, а тука најчесто и свадби се договарале.

Пресвета Богородица, според верувањата, е заштитничка на болните, па за Голема Богородица многу болни се воденби на извори со лековита вода да се измијат.

Во минатото се одржувани бдеења во храмовите, или над изворите со вода и тогаш се изговарани молитви за оздравување од коскоболие и очни болести.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти