Добивај вести на Viber
Жителите на општина Центар ќе добијат нови налепници за да можат бесплатно да ги паркираат своите автомобили на отворените паркинзи во зона 1 и зона 2, соопштија општинските власти. Повластената паркинг карта, сепак нема да може да ја користат во зоната 0, на резидентните улици и паркиралишта, како и на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „Судска палата“.
Жителите на Центар ќе може да аплицираат за бесплатен паркинг на повеќе места: ППК-ПКЖ (Паркинг карта за жител за општина Центар), ППК-ПКСП (Паркинг карта за сопствен паркинг), ППК-ПКДС (Паркинг карта за деловен субјект), ППК-ПКДВ (Паркинг карта за вработени во деловен субјект), ППК-ПКЖС (Паркинг карта за жител на општина Центар со службено возило), ППК-ВПКС (Времена паркинг карта за станари) и ППК-ПКИ (Паркинг карти за инвалиди).
По аплицирањето се склучува договор во траење од една година. Кога договорот со ЈП ПОЦ ќе истече, корисникот мора да го продолжи еднап годишно, појаснуваат надлежните.