Добивај вести на Viber
Украинскиот премиер Микола Азаров си поднесе оставка, во обид да помогне за решавање на политичката криза во земјата.Според информациите, во образложението Азаров лично го замолил украинскиот претседател Виктор Јанукович да ја прифати неговата оставка, бидејќи двомесечните немири во земјата претставуваат сериозна закана за украинската економија.
Јанукович претходно премиерската функција му ја понудина еден од лидерите на опозицијата Аресниј Јацјенук, но тој го одби ваквиот предлог. Опозицијата има повеќе барања, кои вклучуваат и уставни измени за намалување на моќта на претседателот, како и скори претседателски избори во земјата.
Вонредната седница на украинскиот Парламент, на која се расправа за излез од кризата, е во тек.
Седницата треба да започне во секој момент, а пратениците треба да гласаат за отфрлање на веќе донесениот Закон за забрана на протестите. Претседателот Јанукович го стави законот на ново гласање во Парламентот, но за сега не се знае како ќе се изјаснат пратениците, особено оние од неговото мнозинство.
http://www.youtube.com/watch?v=rPvSUsmiR5M
Украина вчера влезе во уште поголема неизвесност кога министерката за правда најави можност во земјата да биде прогласена вонредна состојба. Американскиот потпретседател Џо Бајден апелираше до Јанукович да не се решава на овој чекор и заедно со опозицијата да најде мирно решение за ситуацијата во земјата.
Протестите на улиците на Киев продолжуваат и денеска во очекување на исходот од клучната седница на украинскиот Парламент. Медиумите пишуваат дека денешниот ден наликува на затишје пред бура, а демонстрантите од утрово ги зајакнуваат барикадите низ градот. Во изминатите денови, главниот град на Украина беше средиште на жестоки судири меѓу опозицијата и безбедносните сили. Еве како изгледа Киев од воздух, поделен со барикадите.
http://www.youtube.com/watch?v=PmFebyLPib0