30 Април, 2024
0.0286

ЖИРАФАТА ТОБОГО најверојатно угинала од срцев удар

Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Причина за ненадејната смрт на жирафата Тобого, кој завчера угина во Зоолошката градина во Скопје, најверојатно е срцев удар, вели директорот Ѓорѓи Галетановски за Канал 5. Сепак, како што појаснува, за неколку дена се очекуваат резултатите од направената обдукција, по што точно ќе се знае зошто 11-годишниот Тобого угинал.

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар, вели Ѓорѓи Галетановски, Директор на Зоолошката градина за Канал 5.

Истовремено, Галетановски потенцира дека пред да угине жирафата не покажала никакви знаци дека нешто не е во ред, напротив, Тобого се хранел нормално и немал намален апетит.

Во последната објава на официјалната Фејсбук страница, вработените се збогуваат од миленикот на ЗОО-Скопје, Тобого.

-Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого. Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската зоолошка. Тој беше миленик на вработените и на посетителите. Роден е во Франкфурт на 09.12 2010 година, а жител на Скопје Зоо беше од 05.11 2013 година. Сите сме неизмерно тажни и со скршени срца поради неговото заминување . Трчај во небесната савана Тобого, многу ќе ни недостасуваш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

МЕЏИТИ: Со Левица не би сакале да бидеме дел од иста влада, таа е антиевропски настроена

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

ПРЕДИСТРАЖНИ ДЕЈСТВИЈА ЗА ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК: Тошковски објави што направил

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање