29 Април, 2024
0.0292

Жителите од Ново Маало побараа разбирање од јавноста: Кај Холидеј Ин ќе добиеме живеалишта достојни за 21 век

Објавено во: Македонија 13 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Граѓаните од скопско Ново Маало побараа од јавноста разбирање за изградбата на висококатниците кај Холидеј Ин, бидејќи како што велат, на тој начин нивните супстандардни живеалишта ќе бидат заменети со нови како компензација.

„Со децении многу семејства живеат во услови кои не ги задоволуваат стандардите за хумано домување, дотраени куќи, нерешено греење, калдрма и кал до колена, место за одложување на отпад на сите што ќе навратат во центарот на градот... Ние жителите на Ново Маало и луѓето кои си заминаа од своите огништа заради немање нормални услови за живот, чувствуваме потреба да го изразиме нашиот став и да дадеме целосна поддршка на проектот“, пошува во писмото на овие граѓани.

Изгледот на зградите кај хотелот Холидеј Ин за прв пат беше презентиран синоќа. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе. Граѓаните претходно започнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин, а дел од архитектите обвинија дека ќе биде изградено бетонско чудовиште.

„Изразуваме жалење што голем дел од јавноста не го разбира ова бидејќи е лесно е да се зборува од комфорни станови. Со проектот кој е предвиден да се гради на парцелата спроти Холидеј ин ќе се реши проблемот на многу семејства кои, за воља на вистината, сé уште живеат во супстандардни услови како да е 19 век или биле приморани да ги напуштат своите куќи. Со компензацијата која ја добиваме и реализација на овој проект кој многу години беше заглавен во институционалните лавиринти, новомаалчани конечно имаат можност да добијат живеалишта достојни за 21 век“, додаваат овие граѓани.

Од таму велат дека медиумите и социјалните мрежи даваат лажна слика за грди бетонски зданија, кои немаат никаква сличност со тоа што се планира. 

„Откако ќе се реализира проектот, овој дел на Скопје ќе има многу повеќе зеленило отколку што на оваа локација имало во последните 50 години. Скопје е главен град и репрезент на нашата држава кој мора да се развива по примерот на светските метрополи.

Веруваме дека јавноста кога ќе го види целиот проект во најголема мера и ќе го одобри, онака како што го одобруваме ние луѓето кои сме емотивно поврзани со Ново Маало, едно од најстарите скопски маала, а кое за жал иако е во срцето на градот претставува грда слика за една метропола“, додаваат жителите на Ново Маало.


Можеби ќе ве интересира

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

Финансиска полиција: Фирма платила 3,5 милиони евра за стари акумулатори без да ги добие

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БУТЕЛ НЕ СЕ ОТКАЖУВА: Ниту јас сум отишол од СДСМ ниту СДСМ се сели од Бутел

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно