02 Мај, 2024
0.0420

ЖИТЕЛКА НА ЛИМАН ЗА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ: Тие се качија на своите тенкови и се одвезоа

Објавено во: Свет 03 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Руските трупи се повлекоа на организиран начин oд Лиман, велат тамошните жители. Овој град „падна“ во рацете на Украинците, еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи анексија на четири украински региони. Украинските официјални лица и војници постојано зборуваа дека голем број подобри единици на Москва се заробени таму. 

Припадниците на украинската национална гарда од единицата Депар-1 се движат во мал број на некои улици во градот. 

„Еден ден носам една капа, друг ден друга капа. Како можеме да живееме вака“, вели жителка на Лиман за промената на контролата на градот.

Си-Ен-Ен беше меѓу првите медиуми во неодамна ослободениот град и пристигна 30 минути откако украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи дека градот е целосно исчистен од руските војници.

Некои официјални лица рекоа дека руските трупови веќе се расчистени и затворениците се отстранети. Но, локалните жители понудија друго објаснување: дека руските сили го напуштиле градот во петокот на уреден начин.

„Тие се качија на своите тенкови и се одвезоа“, рече Тања, возејќи го својот велосипед назад до засолништето за бомби, каде што сè уште ги поминува ноќите со уште 15 други луѓе.

Сергиј Череватиј, од Источната група на вооружените сили на Украина, рече дека руските трупи формирале конвои за да го пробијат де факто опкружувањето на градот. Некои успеаја да излезат, рече тој, додека други беа погодени.

Портпаролот на украинската армија, негирал дека имало руско повлекување пред два дена, велејќи дека имало борби во областа неодамна во саботата.

Значајната железничка инфраструктура на Лиман е тешко оштетена. Повеќе згради во градот се уништени. 

Многу од украинските трупи веќе тргнаа кон следната цел во руските одбранбени линии кои брзо се распаѓаат – Кремина, подалеку на исток.

Украинските трупи во еден ден напреднале 40 километри кон Херсон, и ослободиле села и населби. За потсетување, руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

ЕВЕ ВО ШТО ИНВЕСТИРААТ БОГАТИТЕ: Најуспешните луѓе на планетата не инвестираат во криптовалути, еве каде ги вложуваат парите

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ ВО КИНА: Најмалку 48 лица загинаа

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ЕВЕ ЈА НАЈНОВАТА ЛИСТА НА НАЈБОГАТИ: Бернард Арно прв на тронот, Маск падна на третото место

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ПРОНАЈДЕНА ПЛАСТИКА ВО ПОВЕЌЕТО ОВОШЈА И ЗЕЛЕНЧУЦИ: Еве која храна може да содржи честички, Си-Ен-Ен објави студија

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЗА ЕДНА ГОДИНА „СЕ РАЃААТ“ ПОЛОВИНА МИЛИОН НОВИ РОБОТИ: Ќе ги заменат ли работниците? Што значи тоа за нив?

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА: Овие земји ја испробаа и не се враќаат назад

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Од денеска едномесечна изложба во Москва на запленето и онеспособено западно оружје

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Денот на трудот - 1 Мај: Настана во САД, но американците не го признаваат

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ

Фон дер Лајен: Не е исклучена можноста за забрана на TikTok во ЕУ