19 Мај, 2024
0.0267

Златен медал за виното “Домен Лепово Пино Ноар“ на Тиквеш од вински натпревар во Германија

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Високи светски признанија за вината од „Домен Лепово“ и „Тиквеш“

Виното „Домен Лепово Пино Ноар“ од бербата 2013-та освои златен медал на најголемиот вински натпревар што се одржува во Германија – „Мундус Вини“.

Истовремено, ова вино кое токму деновиве се најде на винските карти на престижните ресторани и трговски објекти со големи вински секции е прогласено за „Најдобро вино на натпреварот со потекло од Македонија“ со што овој успех добива и дополнително значење за промоција на високиот квалитет на вината на Тиквеш, па и на македонските вина во светски рамки.

На истиот натпревар, кој е еден од најценетите во светот, со сребро се закити и „Домен Лепово Шардоне“ од минатогодишната берба. Ова вино од бербата 2013-та е наградено со сребрен медал и на годинешниот натпревар „Шардоне д Монд“ што се одржува во Франција.

36

- Пред околу една година, со лансирање на првиот ексклузивен македонски вински бренд „Домен Лепово“ отворивме ново поглавје во домашната винска индустрија промовирајќи го концептот на висококвалитетни вина во ограничени количини произведени на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. Уште по првите берби, овие вина почнаа да се закитуваат со медали на најпрестижните светски натпревари, што јасно го покажува нивниот огромен потенцијал и квалитет и воедно уште еднаш ја потврдува нашата стратегија за развој која го фаворизира квалитетот наспроти квантитетот, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

На успехот на вината произведени во „Домен Лепово“ се надополнуваат и новите награди што ги освоија врвните вина на винарската визба „Тиквеш“. Имено, на годинешниот натпревар „Гренаж д Монд“ во Франција, белото вино „Бела Вода“ од бербата 2014-та е единствено наградено вино кое потекнува од вински регион надвор од Франција, Италија или Шпанија. Истовремено, на реномираните светски вински натпревари „Мундус Вини“ во Германија и „Шардоне д Монд“ во Франција, сребрен медал освоија и црвеното „Александрија Куве“ 2013-та, како и пенливото вино „Ергион“ од бербата 2012.

- Убедени сме дека сите овие награди дополнително ќе го подигнат реномето на Македонија како винска земја и ќе придонесат за зголемување на целокупниот извоз на квалитетно македонско вино во шишиња, дециден е Илиевски.

37

Винарската визба „Тиквеш“ секоја година на најпознатите светски вински натпревари освојува околу 50 награди, признанија и високи оценки од светски познати критичари со што го потврдува епитетот најнаградувана винарница во земјава, но и пошироко во  регионот.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата