27 Април, 2024
0.0283

ЗНМ, ССНМ, МИМ и СЕММ: Изборот на органите во МРТ и АВМУ со просто мнозинство е ризичен

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство. Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието на РСМ да биде со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо со двотретинско мнозинство, како што е тоа уредено со постоечката регулатива. 

Факт е дека поради принципот на двотретинското мнозинство и несогласувањата помеѓу владејачката коалиција и опозицијата, овој процес досега беше закочен во Собранието на РСМ, но партиските разлики не треба да бидат искористени како изговор со кој би се нарушил „мерит системот“ за избор на лицата во овие тела. Сепак, пред евентуално да се размислува за какви било промени во начинот на гласање, неопходно е Собранието да направи сериозен обид за избор на новите членови во советите преку постоечките закони, за да им се даде можност на демократските процеси да ги надминат блокадите кои беа видливи во минатиот парламентарен состав. 

Дополнително загрижува фактот што овој Закон е предложен да биде усвоен по брза постапка, без никакво образложение во предлогот, со што не се остава простор за јавна дебата, ниту, пак, за транспарентност и вклученост на засегнатите страни во неговото носење. 

Начелото за двотретинско мнозинство при избор на членовите на управните тела во јавниот радиодифузен сервис и медиумскиот регулатор е важно бидејќи на тој начин се намалува ризикот од партиско-политичко влијание при изборот на членовите во овие тела од страна на пратениците. Евентуалната промена носи ризици и за идниот состав на советите, кои при секоја промена на власта можат да бидат лесно заменети. Тоа ќе го наруши принципот на независност на институциите од политиката, што беше основен мотив кога се гласаше сегашното законско решение. 

За начелото за избор со двотретинско мнозинство, новинарските и медиумските организации се залагаа и во 2013 година кога се носеа  медиумските закони, а за овој принцип се залагаа и експертите од Советот на Европа при изработката на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кој се регулира работата на МРТ и АВМУ. 

Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

ОДГОВОРИТЕ ОД ПАРТИИТЕ ГИ ЧЕКААТ ДО ВТОРИ МАЈ, ПОТОА ЌЕ ГИ ОБЈАВАТ ЗА ГРАЃАНИТЕ САМИ ДА ОДЛУЧАТ ЗА КОГО ЌЕ ГЛАСААТ: Шанса за Центар со 18 прашања до партиите

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски

КОЈА Е ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА КОЈА ВО ПРВИОТ КРУГ ОСВОИ НАД 350 ИЛЈАДИ ГЛАСОВИ? Втор пат ја трча претседателската трка, првиот пат изгуби од Пендаровски